На 20 ноември, четврток, се отвора „YES ФЕСТИВАЛ – издание есен/зима“ со промоција на првиот роман на драмската писателка Драгана Лукан Николоски, а богатата програма продолжува со промоции на книги за деца и млади, креативни работилници и други културни содржини до 26 ноември. Фестивалот во организација на издавачката куќа „Чудна шума“ се одржува по петти пат, а од мај годинава програмата е проширена за сите возрасти и за различни читателски ...
Утре (20 ноември) во 20 часот, во бистрото „Комедија“ во Скопје се отвора петтото издание на фестивалот YES! со промоција на првиот роман на драмската писателка Драгана Лукан Николоски, „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта“. Фестивалот е во организација на издавачката куќа „Чудна шума“, а ќе се одржува до 26 ноември на повеќе локации низ Скопје. „Во ова издание на YES фестивалот!, кое е во помал обем од пролетното, ставаме фокус на три ...

