ТФТ се задржа на чело на суперлигашката табела откако вечерва по голема борба го совлада Работнички со резултат 84-88. Работнички поради огромните проблеми повторно настапи десеткуван, со само шест сениорски играчи во тимот, а тренерот Мирковски и покрај сите проблеми успеа да најде начин да му парира на првопласираниот тим на табелата. „Центарци“ делуваа особено импресивно во третата четвртина, кога во еден момент стигнаа и до 11 поени ...

Екипата на ТФТ ја сочува серијата на победи со триумф во градската пресметка со Работнички (88-84) која се одлучи во самиот финиш, а се одигра во салата „Независна Македонија“ во рамки на Суперлигата. Дуелот на двата тима понуди крајно израмнет финиш, а претходни два блесоци имаа тимовите, ТФТ во вториот квартал пред паузата, додека Работнички возврати по полувремето. По два периода, гостинскиот тим од Тафталиџе имаше седум поени позитива ...

Водечките тимови на табелата во суперлигашката кошаркарска конкуренција ТФТ и МЗТ Скопје забележаа нови победи. Во натпреварите од 13.коло одиграни попладнево двата тима се радуваа на гостински терен. Лидерот на табелата ТФТ во неизвесен натпревар славеше во дуелот против работнички со 84-88. Ташовски и Дејвис, кои реализираа по 20.поени беа двајцата најефикасни кошаркари во победничката екипа. Во таборот на Работнички, Ефремовски и Рикиќ ...