Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, објави дека на еден од влезовите во главниот град е поставена светлечка табла со натпис „Добре дојдовте во Скопје“. Тој истакна дека „Добре дојдовте во Скопје“ е симболична порака со која се испраќа топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град. – Го разубавуваме Скопје со љубов, внимание и со посветеност, затоа што е важен секој детаљ кога градиме град со препознатливо лице и со топла ...

Билбордот со натпис „Добредојдовте во Скопје“, кој беше поставен во петокот вечерта од страна на Град Скопје, денеска е отстранет по бројните реакции и критики што се појавија на социјалните мрежи. Паното предизвика бурни коментари кај јавноста веднаш по неговото поставување. Дел од граѓаните посочија дека во изработката најверојатно била користена вештачка интелигенција, при што, според нив, биле направени повеќе пропусти во прикажувањето ...

Билбордот „Добре дојдовте“ поставен на влезот во Скопје денеска е отстранет, само неколку дена по неговото поставување, откако предизвика бројни реакции и критики во јавноста поради повеќе очигледни грешки во визуелното решение. Според неофицијални информации, билбордот ќе биде заменет со нов, а трошокот за изработка ќе го сноси компанијата што го изработила првичниот дизајн. Корекцијата нема да биде на товар на граѓаните. Најголемо внимание ...

Градот Скопје постави нов билборд на источниот влез во градот наместо претходниот кој содржеше повеќе грешки. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски попладнево на својот профил на Фејсбук објави дека печатена грешка е коригирана. – Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува. Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот ...