Македонија вечерва го игра вториот натпревар на Европското првенство, а за ривал имаме уште една сериозна, амбициозна репрезентација која сака медал од овој турнир-тоа е Португалија. Средбата во Хернинг е закажана за 18 часот и селекторот Кирил Лазаров одлучи кои играчи ќе бидат во комбинација за настап. Лазаров направи две промени во споредба со натпреварот со Данска, па во составот се враќаа најискусните, голманот Никола Митревски и ...

Се наговестува голема драма и израмнет дуел меѓу Македонија и Португалија. По првите триесет минути нашиот национален тим заостанува за два гола зад четвртата сила од последниот Мундијал (13-15). Лазаров ги врати Митревски и Пешевски во ростерот, а почна со Велковски, Џонов, и Стојковиќ во стартната седморка. Мечот добро го отвори Митревски, а првите наши голови еба дело на Велковски и Кузмановски. На крилата на нашиот голман и неговите ...

По поразот од Данска, натпреварот на Македонија против Португалија на Европското ракометно првенство заврши нерешено. Кузмановски со 15 голови беше најефикасен на натпреварот. Натпреварот почна и заврши тензично, а крајниот резултат беше 29:29. Првото полувреме заврши со резултат 13:15 за Португалија. На Македонската репрезентација ѝ претстои натпреварот со Романија кој ќе се одигра на 20-ти јануари. Тоа ќе биде последниот натпревар за ...