Агенцијата на ОН за жени (UN Women) во извештајот наведува дека речиси 90 проценти од женските организации повеќе не можат да ги задоволат потребите на терен. А околу 120 милиони жени и девојчиња имаат потреба за хуманитарна помош и заштита Во најновиот извештај на Обединети нации се наведува дека најмалку еден милион жени и девојчиња немаат пристап до помош што спасува животи поради намалување на финансирањето од глобалните донатори. ...

Новиот извештај на „UN Women“ покажува дека 84 отсто од женските организации имале зголемена побарувачка за нивните услуги од јануари 2025 година, додека речиси девет од десет веќе не можат да одговорат на тековните потреби – што е последица на најголемиот забележан годишен пад на помошта за развој. Додека вооружените конфликти достигнуваат највисоки нивоа во последните 80 години, организациите што обезбедуваат услуги што спасуваат животи на ...