И покрај тоа што Основното јавно обвинителство во Скопје целосно го расчисти инцидентот со кршењето стакло на Бугарската амбасада и покрена постапка против осомничениот сторител, бугарскиот политичар Петар Колев повикува Европската унија да ги запре европските фондови за Македонија, оценувајќи дека станува збор за сериозен политички и безбедносен проблем. Во изјава објавена во бугарски медиум, Колев тврди дека инцидентот не треба да се ...

Лицето кое го скрши стаклото на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје не е етнички Македонец и станува збор за бездомник. Ова го соопшти Петар Колев за инцидентот во Скопје. Тој е лидер на бугарска политичка партија во Македонија, во интервју за бугарски медиум, во контекст на реакциите и драматизирањата во Бугарија поврзани со овој инцидент. Изјава на Колев и реакции во Бугарија Колев посочи дека е чудно лице кое не е ...

Осумдневен притвор за лицето кое го скрши прозорецот на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје, информираа од Основниот кривичен суд. Притворот е изречен по предлог на Обвинителството, поради опасност од бегство и можност осомничениот повторно да го стори делото. Инцидентот се случи на 11 јануари, кога лицето со камен го скрши стаклото на влезната врата на Амбасадата и веднаш го напушти местото. Случајот предизвика лавина реакции од ...

Скопскиот Кривичен суд му одреди осумдневен притвор на 55-годишен скопјанец, кој се сомничи за оштетување на влезната врата на Амбасадата на Бугарија во Скопје. Мерката е изречена на предлог на Обвинителството, поради опасност од бегство, но и ризик делото да биде повторено. Инцидентот се случи на 11 јануари, кога осомничениот со камен го скршил стаклото на влезната врата од објектот, по што веднаш побегнал. Против осомничениот веќе е ...