Иако во моментов Законот за спречување нефер трговски практики предвидува максималната казна за непочитување на одредбите да биде до 20.000 евра за голем маркет, премиерот Христијан Мицкоски и денеска им се закани дека остро ќе бидат казнети бидејќи работат спротивно на интересите на граѓаните и непазарно ги пумпаат цените на рафтовите. Тој до март најави дека ќе се смени висината на казните и тие ќе бидат 10 пати повисоки или до 200.000 ...

Во првите три месеци од годинава Владата ќе испрати законски измени до Собранието со кои ќе се зголемат казните за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики. Според најавите од министерството за економија, од сегашните максимални 20 илјади евра, глобата би изнесувала 200 илјади евра. Премиерот Мицкоски изјави дека Владата не сакала веднаш да казнува, туку прво се обидела со предупредувања и апели. Но, како што рече, ...

Според Мицкоски, измените на Законот за нефер трговски практики ќе бидат доставени до Собранието во првиот квартал од годинава. Во моментов, максималната казна за вакви прекршувања изнесува 20.000 евра – сума која, според Владата, не претставува реален механизам за одвраќање кај големите супермаркети. „Како Влада не сме љубители на репресивни мерки, но кога неколку ланци се однесуваат незрело, неодговорно и лакомо, и кога профитот е на сметка ...