Се бара место повеќе за бесплатно паркирање во Битола. Ваква е сликата во центарот на градот бидејќи се поголем број возачи бараат слободно место во споредните улици каде нема означени паркинг места, односно не се наплаќа за паркирање. Од она што нашата екипа го регистираше денеска на терен може да се види дека речиси во сите делови на централното градско подрачје во споредните улици тротоарите се зафаќаат од паркирани возила. Тоа е случај со ...

Поранешната претседателка на Советот на Општина Битола и претставничка на независната граѓанска иницијатива Поинаку, Габриела Илиевска, заедно со советникот во општината Иван Чулакоски, преку видео-објава упатија критика до градоначалникот во врска со цената на паркирањето во градот. Во објавата тие посочуваат дека, според нив, градоначалникот смета оти паркирањето во Битола не е скапо, па затоа го повикуваат од утре да плаќа паркинг како и ...