Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска во изјава за медиумите оцени дека ребалансот на Буџетот е насочен кон зголемување на капиталните инвестиции и реализација на инфраструктурни проекти низ државата. -За секој буџет, па и за овој, најважно прашање е – каде одат парите? Со ребалансот на државната каса, одговорот е јасен: во патишта, железници, водоводи, училишта и уште многу други проекти кои ќе бидат додадена вредност за Македонија, ...
Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат повеќе средства за капитални инвестиции, кои ќе бидат насочени кон изградба на патишта, железници, училишта, водоводи и други инфраструктурни проекти низ државата, изјави денеска на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска. Според неа, капиталните инвестиции со ребалансот се зголемуваат за 5,8 милијарди денари и ќе достигнат вкупно 45,9 милијарди денари, што претставува раст од ...

