Никола Јокиќ стигна до нов трипл-дабл, но и тоа беше недоволно за Денвер да излезе како победник на гостувањето со Оклахома Сити, дуел што актуелниот првак по продолжение го доби со 127-121. Српскиот центар доминираше завршувајќи го натпреварот со 23 поени, 18 скокови и 14 асистенции, но имаше и невообичаено слаб шут (2/10 за тројка, 9/25 од игра). Мареј беше одличен за Денвер со 39 поени, но и тоа беше недоволно, пред се откако одбраната ...

Кошаркарите на Оклахома Сити по продолжение го совладаа Денвер со 127:121, а играчите на победничкиот тим во неколку наврати го „нападнаа“ најдобриот играч на Денвер. Во последната четвртина Лу Дорт со колкот го удри Јокиќ, кој се најде на паркетот, а во мешаницата учествуваше Џејлен Вилијамс. Од целата ситуација Дорт беше исклучен, а Јокиќ и Вилијамс добија технички грешки. На почетокот на дуелот Џеј-Гилџус Александер доби неспортска грешка ...