Во земјава денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025, во кој граѓаните гласаат за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Дополнително, на три избирачки места во општина Шуто Оризари се повторува гласањето и за советници. Во овој изборен круг граѓаните избираат меѓу двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник се избира оној што ќе освои повеќе гласови од вкупниот број важечки ливчиња. ...

Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови. Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата. По добивањето на известувањето Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на ...