Фудбалерите на Пелистер и АП Брера одиграа без голови 0-0 во најинтересниот натпревар од 3. коло од новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. Двете екипи одиграа еден израмнет натпревар во кој повеќе се гледаше како да се остане непоразен, па на крајот мечот заслужено заврши со почетните 0-0. Македонија Ѓорче Петров стигна до минимална победа на гостувањето кај Еуромилк во Горно Лисиче со 0-1. Кожув славеше над Шкупи со 2-0, ...

Пелистер повторно не успеа да стигне до победа во Втората македонска фудбалска лига. По ремито против Камјани на домашен терен, битолчани денеска одиграа 0-0 против Брера во Кавадарци. „Зелено-белите“ беа подобар противник во текот на натпреварот, ја имаа иницијативата и создадоа неколку одлични можности, но реализацијата повторно беше нивниот најголем проблем. Ниту една од шансите не успеаја да ја претворат во гол. Брера, од друга страна, ...