Пазарот на осигурување во Македонија се соочува со сериозен земјотрес. Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) поведе постапка за утврдување на прекршок против Националното биро за осигурување (НБО) и девет водечки осигурителни компании. Постои основан сомнеж дека овие субјекти склучиле забранета спогодба за утврдување на цените на задолжителното осигурување од автоодговорност, со што директно ја елиминирале конкуренцијата на штета на ...

„Во постапката беше утврдено дека осигурителните компании лани во периодот од 1 март до 7 мај разменувале чувствителни информации, координирале активности и во исклучително краток рок донеле идентични или меѓусебно усогласени одлуки за зголемување на делот на премијата за вршење дејност – т.н. режиски додаток. Таквото однесување претставува ограничување на конкуренцијата ‘по своја цел’, односно најтешка форма на повреда согласно член 7 од ...