Екипата на Наполи конечно успеа да стигне до триумф откако три натпревари во Серија А одигра нерешено. Наполи во денешниот дуел од 21. коло го совлада Сасуоло со 1:0, а стрелец на голот беше Станислав Лоботка во 7. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го почна натпреварот, но поради повреда беше заменет во 56. минута со Матео Политано. Во првиот дуел од денешната програма од оваа рунда лидерот Интер како гостин го совлада Удинезе ...

Навивачите на Наполи и македонската јавност можат да здивнат. Иако сликите од „Диего Армандо Марадона“ кога Елиф Елмас побара измена во 57-мата минута изгледаа загрижувачки, првичните вести од Италија се позитивни. Нашиот „дијамант“ беше еден од клучните актери во тешката победа на Наполи над Сасуоло од 1-0, со која шампионот ја прекина серијата од три нерешени средби. Елмас беше директен иницијатор на единствениот гол, но мечот го заврши ...