Заклучно со 28 август, вкупно 1712 граѓани направиле увид на своите лични податоци во Избирачкиот список за Локалните избори 2025. Од нив, само еден поднел барање за запишување во Избирачкиот список, 19 лица поднеле барање за промена на личните податоци во Избирачкиот список и едно лице побарало бришење, информираат од Државната изборна комисија за МИА. ДИК, како што посочуваат од Комисијата, има одлична соработка со сите релевантни институции ...
Државната изборна комисија го започна јавниот увид во Избирачкиот список на 23 август, клучен процес кој гарантира дека секој граѓанин ќе може да го оствари своето право на глас. По распишувањето на изборите, Министерството за внатрешни работи ги достави податоците за граѓаните до ДИК, вклучувајќи единствен матичен број (ЕМБГ), за да се обезбеди точноста на Избирачкиот список. Јавниот увид започнува ќе трае до 11 септември, на полноќ. МВР на 12 ...