Репрезентацијата на Шпанија продолжува со одличните игри во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Избраниците на Луис де ла Фуенте забележаа убедлива победа од 0-4 на гостувањето кај Грузија и остануваат лидери во групата со максимални 15 бода од пет меча, но се уште го немаат обезбедено пласманот на Мундијалот. Ојарзабал беше стрелец на два гола, додека по еднаш во мрежата на Грузија погодија Зубименди и Торес. Турција со 2-0 ...

Селекцијата на Шпанија, иако ослабена со неиграњето на неколку клучни играчи сепак ја искажа сета своја класа и успеа да слави со 0:4 на гости кај Грузија. Стрелци на головите беа Ојарзабал два, Зубименди и Феран Торес. Со оваа победа “Фуријата“ не стави официјален печат на пласман на СП поради тоа што Турција ја победи Бугарија со 2:0 па така сега во пресрет на нивниот меѓусен меч во последното коло, Турција мора да ја победи Шпанија на гости ...