Скопјанка вчера пријавила во полиција дека била изложена на агресивно однесување од доставувач на мотоцикл додека возела низ населбата Центар. Според нејзината пријава, мотоциклистот најпрво агресивно се однесувал, а потоа почнал да ја следи. Кога застанала на семафор, се обидел да ја отвори возачката врата, а откако не успеал, го оштетил нејзиното возило. Полицијата презема мерки за идентификување на сторителот и расчистување на случајот. ...

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.З.(26) од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Центар, додека се движела со нејзиното возило, едно лице кое управувало мотоцикл за вршење на достава ѝ се доближило и агресивно се однесувало кон неа, по што почнало да ја следи. Како што се наведува во полицискиот билтен, откако застанала на семафор се обидел да ја отвори возачката врата, но откако не успеал ѝ го оштетил возилото. Се ...