Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, преку својот адвокат, во воведниот збор пред судот оцени дека обвинението против него претставува конструкција и сценарио, кое, како што беше наведено, не се темели на докази, туку на креиран наратив. Одбраната посочи дека со постапката се врши дискредитација на неговата личност и углед, граден повеќе од три децении, предупредувајќи дека постои намера неговиот бизнис да биде одземен од трети лица. ...

Во судот денеска продолжи постапката против струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, обвинет за перење пари и злоупотреби со ДДВ, со штета проценета на десетици милиони евра. Обвинетиот денеска пред судот негира вина и тврди дека случајот е конструиран, со цел, како што вели, да му се одземе имотот и да се наруши неговиот углед кој го градел изминатите 35 години. Неговата одбрана посочува дека фирмите работеле легално, а спорно за нив е ...