Работнички продолжува со фантастичната форма оваа пролет. Денеска ја запиша четвртата победа по ред откако славеше на тешкото гостување кај Струга. Јован Попзлатанов реализираше за гостите од Скопје за 0-1 во 14-тата минута. Христијан Малески донесе израмнување за стружани во 49-тата минута од пенал, а победничкиот гол за Работнички беше дело на Аритон Мехмед во 85-тата минута. „Романтичарите“ од сериозен кандидат за Втората лига во есенскиот ...
Речиси сите го отпишаа Работнички за време на зимската пауза и не му предвидуваа добра пролет, но тимот од Дебар Маало се издигна и со серијата одлични резултати сега конкурира за директен опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Работнички има четири победи во низа за вкупно седум во тековната сезона и со 25 бодови го дели деветтото место заедно со Пелистер. Работнички го доби Арсими со 1:0, потоа Башкими со 1:2 во гости, следуваше ...

