Црн чад и непријатна миризба го обвитка Скопје, по пожар кој избувна на отпад во Визбегово. Во пожарот горат хаварисани возила, на кои има монтирано плински уреди и се слушаат детонации. Во огнената стихија е повредено едно лице, коешто веднаш е хоспитализирано. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е сопственикот на фирмата што управува со отпадот. На местото на пожарот се случи и инцидент, кога физички беше нападната ...
Она што остана по пожарот на овој отпад беше стресот и опасноста за околните жители и станбените куќи, повредентеи пожарникари, загадениот воздух од горење делови од автомобили, вклучувајќи батерии, гуми и многу други предмети штетни за здравјето на луѓето. Чадот и денес продолжува да го загадува воздухот во Скопје. Еден ден по еколошката катастрофа, на депонијата за отпад на стари автомобили што изгоре вчера помеѓу Визбегово и општина Шуто ...
Пожарите што избувнаа во земјата во последните денови значително го зголемија загадувањето на воздухот. Вчера, главниот град беше покриен со чад цел ден поради пожарот на депонијата Визбегово. Пулмолозите велат дека чадот од пожарите е многу штетен за белите дробови, особено за пациентите кои страдаат од сериозни белодробни заболувања. „За жал, горат и отпадни материјали, т.е. чадот и честичките што произлегуваат од тој пожар се многу штетни за ...