Полицијата вчера го приведе Е.А.(27) од струшкото село Франгово во врска со убиство во обид сторено на 16 авгиуст во Струга. „Со решение од Основниот суд во Струга, него определена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид“, соопшти СВР Охрид. Инцидентот се случил пред угостителски објект во Струга, кога осомничениот заедно со уште едно лице го нападнал Н.Д. (30) од село Велешта, ...

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата ...