Лошата патна и железничка инфраструктура останува клучен проблем за побрз развој на Пелагонискиот регион, се пожалија стопанствениците на средба со владините претставници. Автопатот Битола – Прилеп е во фаза на реконструкција и го отежнува транспортот. Патот до граничниот премин „Меџитлија“, иако неодамна е обновен, е тесен и минува низ населено место. Железничката пруга кон Грција е целосно реконструирана од македонска страна, но сè уште не ...
Во Битола се одржа состанок на Управните одбори на регионалните стопански комори од Битола и Прилеп, на кој во фокус беше ставено унапредувањето на инфраструктурното поврзување како основа за економски раст на Пелагонискиот регион. Градоначалникот на Битола заедно со претседателот на Регионалната стопанска комора Мирко Велковски го пречека вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој присуствуваше на состанокот заедно со ...

