Почитувани, СДСМ е единствената партија која паушално обвинува за наместен тендер кој воопшто не се реализирал затоа што договор нема. Очигледно е дека директно застапуваат некоја од страните заинтересирани за тендерот. Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, до Министерството ...
Министерството за транспорт бара извинување од СДСМ за денешните обвинувања со тендерот за електрични автобуси, а во спротивно најавува тужба за клевета. Во реакцијата, Министерството ги оценува тврдењата на СДСМ како паушални и ги објавува четирите понуди за тендерот што беше поништен. – Иако тендерот пропадна, во интерес на јавноста би сакале да ги објавиме понудите и причините за отфрлање на секоја од нив. Пристигнаа четири понуди од ...

