Општините немаат документи усогласени со националната антикорупциска рамка. Во повеќето статути не се содржани одредби за јавна отчетност, пристап до информации, судир на интереси и етички стандарди. Мал број општини имаат кодекси на етика, а во голем дел недостасува обврска за објавување на одлуките, седниците и записниците од советите и комисиите. Овие пропусти ја ограничуваат транспарентноста на одлучувањето и ја зголемуваат можноста за ...

Во Собранието денеска се одржа работна средба на Комисијата за локална самоуправа, на која беше презентирана анализа за правната рамка за превенција и спречување на корупцијата, со посебен фокус на општините. Средбата, со која раководеше претседателот на Комисијата Драган Ковачки, беше организирана на барање на Националниот демократски институт (НДИ), во рамки на проектот „Заедници со интегритет“. Анализата, изработена од професорите Мишо ...