Реал Бетис стигна до голема победа во шпанското првенство совладувајќи го Вилјареал на домашен терен со 2-0 во 20. коло. Домаќините до триумф ги предводеа Руибал со гол во 57. минута и Форналс во 83. минута. Триумфот на Реал Бетис го олесни Комесана кој заработи директен црвен картон во 76. минута од средбата. Со овој пораз Вилјареал останува на третата позиција на табелата со 41 освоен бод, додека Бетис се искачи на шесттата позиција со 32 ...

Фудбалерите на Бетис го победија Виљареал со 2-0 на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља, во натпреварот од 20. коло на Примера. Првото полувреме заврши без голови. Иако домашните имаа поголем посед на топката, Виљареал создаваше шанси со контранапади. Сепак, голманите на двете страни беа на висина на задачата. По одморот и враќањето на теренот, Бетис поведе во 56. минута. Во шеснаесетникот, Руибал искористи груба грешка и ја смести топката во ...