По четири децении посветени на уметноста, сцената и публиката, Софче Џорлева од Македонска опера и балет заминува во заслужена пензија. Зад неа остануваат безброј претстави, аплаузи и незаборавни моменти кои ја одбележаа нејзината кариера и оставија трага во македонската културна сцена. Нејзиниот син, актерот и уметник Огнен Здравковски, со емотивна порака ја сподели гордоста и љубовта кон својата мајка, истакнувајќи дека нејзиниот живот бил ...

Пејачот Огнен Здравковски емотивно ѝ се обрати на својата мајка, пејачката Софче Џорлева, ќерката на легендарниот композитор и пејач Наско Џорлев, сестрата на за жал покојниот виолинист Зоран Џорлев. -После цели 40 години поминати на сцената во “Македонска Опера и Балет”, со безброј претстави, аплаузи и незаборавни моменти, мојата мајка заминува во заслужена пензија. Живот посветен на сцената, на уметноста и на публиката. Љубовта кон сцената ...