Буџетските трансфери за пензии достигнаа околу 690 милиони евра во 2024 година и ќе продолжат да растат, додека услугите за грижа за старите лица опфаќаат помалку од 1 отсто од оваа популација – ова е нотирано во новиот извештај на Државниот завод за ревб. Се потенцира дека во услови кога државата веќе пет години нема стратегија за стари лица, а населението забрзано старее, ризиците за јавните финансии и социјалната стабилност се зголемуваат. ...
Македонија старее со темпо што веќе не може да се игнорира. Државниот завод за ревизија предупредува дека, до 2055 година, лицата над 65 години ќе сочинуваат 34,2 % од населението, што значи дека речиси секој трет жител во земјава ќе биде во оваа старосна група. Во исто време, бројот на лица над 80 години ќе порасне од околу 22.000 во 2024 на повеќе од 144.000, додека работоспособното население на возраст од 15 до 64 години ќе се намали за ...

