Меѓународниот ден на трудот, познат и како „Ден на трудот“ во некои земји, а често нарекуван и „Први мај“, е празник на работниците и работничката класа, кој се промовира од меѓународното работничко движење и се одбележува секоја година на 1 мај или на првиот понеделник во мај. Традиционално, 1 мај е празник со европско потекло. Во 1889 година, Меѓународниот социјалистички конгрес се одржал во Париз и ја основал Втората интернационала како ...

Честит 1-ви Мај на сите кои со својот труд и посветеност градат подобра иднина за сите нас! Денот на трудот е симбол на борбата за работничките права и достоинството. Да го чуваме трудот, да се грижиме за работникот и да градиме подобра иднина за сите!, се наведува во соопштението од Социјалистичка партија на Македонија. 1-ви Мај во историјата е врежан како симбол на човечкото достоинство и непокорот. Денес не се потсетуваме само на минатото ...

Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава. Нема напредок без работа. Нема стабилност без создавање вредност. Нема иднина без луѓе што вложуваат, градат и веруваат. Денес им оддаваме признание на сите што секојдневно придонесуваат со знаење, со труд и со посветеност. Нашата обврска е јасна: повеќе можности, подобри услови и фер правила за сите што работат и создаваат. Државата се гради со труд. Продолжуваме заедно со посветеност и ...