Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски се договорил со италијанскиот второлигаш Тернана, објави новинарот Алфредо Педула од „Газета дело Спорт“. Тернана повеќе од две недели го бркаше прилепчанецот за да потпише за нив откако му заврши договорот со Удинезе, каде мина четири години, но до официјализација на овој трансфер сепак Несторовски ќе треба да сочека некој ден, зашто прво Тернана ќе мора да се ослободи од вишокот ...
И покрај тоа што беше блиску до потпис со Тернана, Илија Несторовски наводно постигнал договор со Козенца. Според италијанските медиуми, тимот и играчот веќе се договориле за плата од 200.000 евра, плус бонуси за договор до 2024 година. Со тоа сега Козенца избива во преден план за потписот на македонскиот репрезентативец. Договорот со овој тим ќе содржи и автоматско продолжување, доколку бидат исполнети тимски цели, односно настапи и голови на ...