-И по 14 години, болката не стивнува… таа е длабока, тешка и присутна во секое срце, како да се случи вчера. Тагата не избледува, туку нè потсетува колку е скапа човечката судбина и колку е кревка правдата, објави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес, со наведнати глави и тишина во душата, запаливме свеќи и положивме свежо цвеќе на Смилковското езеро – во спомен на невино згаснатите животи. На Велики Четврток пред 14 ...

Денес се одбележуваат 14 години од петкратното убиство кај Смилковското езеро, едно од најтешките злосторства во поновата македонска историја. Претставници на Општина Гази Баба денес положија цвеќе и запалија свеќи на местото на трагедијата, информира градоначалникот Бобан Стефковски. На 12 април 2012 година беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацковски (19), Кире Тричковски (20) и Борче Стевковски (45). ...