После ангажманот на Маркос Сенеси од Борнмут и на Жан Пол ван Хеке од Брајтон, Тотенхем почна да се „чисти“ и од вишокот на фудбалери во своите редови. Првиот кој замина е стоперот Раду Драгушин. Романскиот централен бек после две и пол години во Премиерлигата, се врати во Италија и ќе го носи дресот на Фиорентина. Целиот трансфер би требало да чини некаде околу 15 милиони евра. Драгушин во јануари 2024 година од Џенова се пресели во Тотенхем ...
Поранешниот капитен на Наполи и долгогодишен италијански репрезентативец Лоренцо Инсиње ќе ја продолжи кариерата во Сампдорија, откако неговиот изненадувачки трансфер во грчкиот Ираклис пропадна. Иако многу медиуми во последните денови објавија дека Инсиње е многу блиску до преселба во Грција, договорот на крајот пропаднал поради финансиски услови за кои двете страни не можеле да се договорат. Според информациите објавени од извори блиски до ...

