Скопје, 6 април 2026 (МИА) - Издавачката куќа „Сакам книги“ денеска ќе донира садници во мегапаркот во Карпош и организира акција за пошумување, во соработка со Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило. Соопшти дека со оваа зелена акција ќе придонесе за збогатување на урбаното зеленило и дека поставува нов стандард во издаваштвото. Настанот е дел од проектот „Со љубов, од Европа“, со кој е предвидено 10 проценти од продажбата на книгите да бидат ...
„Ова е прва акција од ваков тип кај нас, во која една издавачка куќа, како голем потрошувач на хартија, свесно одлучува да ѝ врати на природата, заедно со своите читатели. Веруваме дека ова нема да биде единствен чекор, туку почеток на една нова пракса“, изјави Ивана Спасев, главен уредник во „Сакам книги“ и лидер на проектот „Со љубов, од Европа“. Како што соопшти издавачката куќа, секој што ќе купи книга од оваа европска едиција директно ...

