Нема договор по првата средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за реконструкција на Владата, брифираат за „Слободен печат“ од партиите. По четиричасовната средба во седиштето на ЗНАМ, премиерот Христијан Мицкоски не го убедил лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски дека Министерството за правда треба да го отстапи во замена за ресорот земјоделие иако, неофицијално, и помалиот владин партнер знае дека ротацијата е прашање на денови. Во замена за ресорот ...
„На маса се сите отворени теми. Нема конечен договор за ниту едно прашање. Очекуваме разврска кон средината на следната недела“ – ова е одговорот на портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов на прашањата на новинарите „дали е сигурно заминувањето на Филков од ресорот правда“, „што ќе бараат за возврат“, и „дали е можно да не се постигне договор со ВМРО“. Мемов рече дека се анализира работата на сите министри во владата и спроведувањето на владината ...

