Реал Мадрид го објави тимот на кој тренерот Алваро Арбелоа ќе се потпре за вечервашната средба со Манчестер Сити на „Бернабеу“, во осминафиналето од Лигата на шампионите. Како што се очекуваше, „Лос Бланкос“ се без најдобриот стрелец Килијан Мбапе, кој е повреден и за кого „Л'Екип“ се сомнева дека би можел да биде вклучен во составот за реваншот во Англија за една недела. Надвор од ростерот, кој има 23 играчи, се уште шест повредени ...

Алваро Арбелоа ја прифати фаворитската улога на „Сантијаго Бернабеу“ и во најавата за мечот со Манчестер Сити нагласи дека Реал брка победа против било кој тим и во било какви услови на теренот, па денеска најдобро се увери во тоа цела европска и спортска јавност. Десеткуваниот Реал Мадрид немаше седум стандардни првотимци на располагање, но и покрај тоа, пронајде сили и решение целосно да го неутрализира Манчестер Сити. Гостите од Англија ...