Екипата на Пелистер чекори кон победа со Македонија Ѓорче Петров во борбата за опстанок, а ефектен гол постигна Милан Србијанац. Офанзивецот на битолчани прими топка на нешто повеќе од дваесет метри и шутираше силно во мрежата на Ристо Јанков кој беше немоќен да го одбрани неговиот шут. За Милан Србијанац ова беше прв гол во дресот на „зелените“ по трансферот од српскиот шампионат во Македонија. Екипата на Пелистер чекори кон победа со ...

Фудбалерите на Пелистер забележаа триумф од 2-0 над директниот конкурент за опстанок, Македонија ЃП, на домашен терен во 28-мото прволигашко коло. Битолчани до победата дојдоа со два гола во второто полувреме. Најпрво погоди Мирко Ивановски во 49-тата миута, а вториот гол беше дело на српскиот интернационалец Милан Србијанац во 72-рара минута. Македонија ЃП играше со фудбалер помалку од 59-тата минута поради исклучувањето на Гереро. ...