Работнички доби нова сала, градоначалникот Герасимовски се пофали со отворање на истата, но во клубот работите не се сјајни и не цветаат рози. Стручниот штаб и играчите се огласија со соопштение до медиумите, во кое ги посочија сите проблеми со кои се соочуваат центарци. „Ние, играчите и стручниот штаб на КК Работнички, сме принудени јавно и недвосмислено да реагираме поради крајно неприфатливата и понижувачка состојба во која се наоѓа тимот, ...
Кошаркарите на Работнички прек соопштение објавено на официјалната фејсбук-страница на клубот обелоденија во каква катастрофална состојба се наоѓа најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Кризата на „центарци“ е актуелна тема со години наназад, но кошаркарите шокираа обелоденувајќи дека им се должат осум плати, за главни виновници за ситуацијата посочувајќи ги директорот на клубот и Градоначалникот на Општина Центар. Воедно, играчите ...

