Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина од 2 милиони евра, добиени преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Криминалното раководство на ЕСМ во 2023 година, раководено од власта на СДС и ДУИ, наместиле тендер за набавка на „СКАД Ормари мониторинг ормар ...

Криминалната шема на СДСМ и ДУИ во ЕСМ испрала 2 милиони евра пари на граѓаните, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. – Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДСМ и на ДУИ, во ЕСМ бил наместен тендер вреден 8 милиони евра. Наместо транспарентна јавна набавка, биле вклучени 2 правни лица, едно од Скопје и едно од Куманово, со однапред поделена улога. Фирмата од Куманово се јавила со непотполна ...