Борусија Дортмунд постигна договор со Генк за трансферот на офанзивниот играч за врска Константинос Карецас. Осумнаесетгодишниот суперталент беше поврзуван со трансфер во Милан, каде што требаше да биде потенцијална замена за Рафаел Леао, но германскиот клуб реагираше побрзо и успеа да го обезбеди неговиот потпис, и покрај директните контакти од тренерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим, кој исто така се обидувал да го убеди фудбалерот. ...

Борусија Дортмунд низ годините се етаблираше како клуб кој вади максимална цена на младите ѕвезди кои се пробиваат на германската и европска сцена, а иако „милионерите“ важат за вистински мајстори кога се во прашање трансфер операциите, тоа не значи дека на „Сигнал Идуна парк“ не се прават пропусти. Последен доказ за тоа е играчот кој го брка Борусија веќе неколку недели, а за кој најверојатно во блиска иднина ќе мора да плати 50 милиони евра ...