На само еден месец пред почетокот на Светското првенство, Карло Анчелоти изгледа токму онака како што го познава светот – совршено смирен. По четири децении во фудбалот и водење на најголемите светски ѕвезди, 66-годишниот Италијанец сега се соочува со можеби најголемиот предизвик во кариерата: да му го донесе на Бразил првото светско злато по 2002 година. Во ексклузивно интервју за „The Athletic“, Анчелоти отворено зборува за притисокот во ...

Карло Анчелоти си даде за предизвик да го води Бразил на Светското првенство и првиот голем тест ќе го има во месеците кои претстојат, но како човек што оствари толку многу рекорди и освои важни титули во фудбалот, често знае да биде потценет кога се тактичките познавања во прашање. Многу често на Дон Карло знаат да му се дадат заслуги само поради тоа што знае да се справи со големите ега и поради фактот што добро ги менаџира големите ѕвезди, ...

Бразилската фудбалска конфедерација официјално објави продолжување на соработката со Карло Анчелоти, кој ќе остане селектор на Бразил најмалку до крајот на Светското првенство 2030. Новиот договор на искусниот италијански стратег важи до 2030 година, што значи дека Анчелоти ќе продолжи да го води Селесао и во наредниот мундијалски циклус.По потпишувањето на новиот договор, Анчелоти испрати емотивна порака до бразилската јавност и ...

Карло Анчелоти ќе се обиде да го врати Бразил на врвот во светскиот фудбал и за да го направи тоа ќе треба да се поклопат навистина многу коцки, не само поради падот кој владее во оваа земја од Јужна Америка, туку и поради конкуренцијата која е навистина силна и застрашувачка. Искусниот Италијанец го презема Бразил со цел да воведе ред и дисциплина кај „кариоките“, а првиот вистински испит ќе го има на мундијалот кој се игра во САД, Мексико и ...