Од вкупно 1.514 институции, кои имаа обврска да достават податоци за службените возила пред изборната кампања минатата година, обврската ја исполниле само 635, додека 879 не доставиле. Дека ваквите трендови не се случајни покажа и еден од предметите за кои ДКСК најави дека ќе иницира кривична постапка, а се однесува на директор на јавно претпријатие кој дал на користење јавни автобуси во политичка кампања на еден од кандидатите, при што биле ...
Антикорупциската комисија денеска го изгласа посебниот извештај за финансирањето на изборната кампања за локалните избори. Во резимето за извештајот посочено беше дека само 635 институции доставиле податоци за регистарот на службени возила од вкупно 1.514 институции, што значи дека дури 58 проценти не доставиле податоци. Од увидот во банкарските сметки констатирано е дека од вкупните приходи од 568 милиони денари најголем дел биле од ставката ...

