Работнички врза и втора победа по ред во вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а триумфот над Шкупи ќе ја намали негативата во однос на дел од екипите кои се на подобра позиција на табелата. Домаќините беа фаворити против фенерџијата кој сезонава освои само еден бод, а серијата голови ја отвори Манојлов во 37. минута. Работнички имаше минимална предност до финишот, Мухарем и Ангелов со по еден гол во 77 и 80. минута ги ...
Работнички стигна до втората победа во низа откако го совлада Шкупи со 3-0 на Арената “Тодор Проески” во Скопје. Квалитетот беше на страната на тимот од Дебар Маало кој заслужено ги освои трите бода. Во осмата минута Работнички ја имаше првата шанса. Сухељ Мухарем шутираше откосо од левата страна, но не беше доволно прецизен. Во 34.минута се закани и Шкупи преку Фисник Љамалари во противнапад, шутирајќи во добро поставениот Петар Јакимов. ...

