Лина Ѓорческа ја мина воведната рунда на турнирот во Порто и се избори за осминафинална пресметка, но за жал македонската тенисерка го заврши своето учество во оваа фаза. Најдобрата тенисерка од нашата земја загуби на втората пресметка против Турчинката Ајла Аксу, откако претходно против истата ривалка оствари победа на крајот на 2025-та година. Ѓорческа подобро го отвори мечот и прва направи брејк за водство од 2:1, па иако брзо ја загуби ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на челинџер турнирот во Порто во осминафиналната рунда, откако денеска беше поразена од Турчинката Ајла Аксу со 2-0 во сетови. Мечот траеше еден час и 42 минути, а најизедначена и највозбудлива борба беше видена во првиот сет. Ѓорческа одлично го отвори натпреварот и прва стигна до брејк за водство од 2-1, но Аксу брзо возврати и ја анулираше предноста. Македонската тенисерка ...