Украина побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации по последниот масовен руски напад врз украинските градови, а особено врз Киев, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха. Тој на Х објави дека Украина, по вториот масовен руски ракетен напад и напад со дронови во последните неколку дена, побарала итен состанок на Советот за безбедност на ОН. Сибиха напомена дека во претходниот руски напад ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи по масовниот руски напад ноќеска во кој загинаа најмалку 11 луѓе, а повеќе пд 70 се повредени. Тој отворено призна дека украинската противвоздушна одбрана овојпат немала шанси против дел од најмоќното руско оружје. „Нашите војници денеска одработија добра работа во пресретнување на дронови и крстосувачки проектили, но, за жал, тоа не беше случај со руските балистички ракети. Причината е во ...

