ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Раул Гонзалес не успеа со триумф да дебитира на клупата на Србија откако вечерва по голема борба нашиот северен сосед загуби од Шпанија. „Ел Команданте“, кој со успех беше селектор на Македонија од 2017 до 2019 година, не крие дека се уште има симпатии кон нашата национална селекција. „Ќе навивам за Македонија. Има добар и млад тим, мислам дека Кирил Лазаров може да направи многу со оваа репрезентација. ...
Интересно е во Хернинг. И двете групи кои се тука имаат да понудат добра ракометна фешта. Денеска шампионатот го отворија Шпанија и Србија, победата ја однесе „фуријата“, славеше со 29-27. После мечот Раул Гонзалес беше отворен и за македонските медиуми. Тој не го криеше своето разочарување од поразот, но најави дека мора да се издигнат за следната битка. Секако не пропуштивме да го прашаме за Македонија, селекција која ја водеше во ...

