БРИСЕЛ — Шефот за енергија на Европската унија вели дека компаниите кои сакаат да профитираат од бумот на вештачката интелигенција се добредојдени во Европа — но само ако покажат дека се посветени на целите на блокот за енергија, клима и животна средина. Тоа значи поддршка на обновливи и нуклеарни извори на енергија наместо фосилни горива, и рециклирање на количините на вишок топлина од центрите за податоци за греење на домовите и бизнисите ...
Американската технолошка компанија „Ендивија“ (Nvidia) претстави нов чип за персонални компјутери, влегувајќи на потрошувачкиот пазар на уреди интегрирани со технологија на вештачка интелигенција (ВИ). „Оваа трансформација на компјутерот е исто толку значајна како и трансформацијата на мобилниот телефон во она што денес го знаеме како паметен телефон“, рече извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, претставувајќи го новиот чип RTX ...

