Завчера во раните утрински часови, додека Скопје сè уште спиеше, беше реализирана првата авионска фаза од дезинсекцијата против ларви од комарци на подрачјето на градот. Активноста се спроведе согласно програмата и законските одредби кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и Елаборатот доставен од Центарот за јавно здравје. - Оваа мерка е од исклучително значење за заштита на јавното здравје, ...
Дезинсекцијата не доцни и се реализира согласно временските услови и во координација со Центарот за јавно здравје, велат од Градот Скопје и посочуваат дека првото авионско прскање било против ларви, а не против возрасни комарци. Оттаму информираат дека според Програмата усвоена од Советот на Градот, предвидени се по пет авионски прскања против ларви и против возрасни комарци, како и по пет терестични прскања исто така против ларви и возрасни ...

