Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на јавните изјави на премиерот Христијан Мицкоски во врска со постапката за избор на државен јавен обвинител. Во соопштението тие оценуваат дека со изјавите премиерот влијае на процесот, ја нарушува довербата во еднаквиот третман на кандидатите и штети на изборот. Во таа насока, укажуваме дека јавни изјави на претседателот на Владата, со кои однапред се исклучуваат ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата информира дека со внимание го следи процесот за избор на нов државен Јавен обвинител, па оттука е и нивната реакција на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека само обвинителката Ленче Ристоска единствено испаднала од владиниот список на кандидати за позицијата. Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати кои ги исполнуваат ...

