Во текот на целата наредна седмица, територијата на државата ќе биде под силно влијание на антициклон и релативно топла воздушна маса од југ, која ќе донесе значително повисоки температури од вообичаените за овој период од годината. Метеоролошките анализи на Метеоаларм укажуваат дека дневните температури ќе бидат повисоки за околу, а на места и за повеќе од 10 степени над декемвриските просеци, при што во некои региони ќе се искачат до речиси 20 ...
Според моменталните прогнози, вистинско зимско време со снег не се очекува во следните десет дена. Причината е силната активност на циклоните над Атлантикот, кои испраќаат топли воздушни маси од југот и Медитеранот кон европскиот континент. Во исто време, полето со висок притисок делува како блокада за продирање на студени фронтови и врнежи кон нашиот регион. Сè уште е рано за временската прогноза за Нова Година, но во моментов ништо не укажува ...

