Фудбалерите на Олимпик Марсеј ја прекинаа одличната серија на Ленс на во францускиот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа со убедливи 3-1 во натпревар од 19. коло во Лига 1. Домаќините поведоа со 1-0 уште во третата минута со погодокот на Гури. Во 13. минута веќе беше и 2-0 за Марсеј откако стрелаше Нванери. Со својот втор гол Гури во 75. минута зголеми на 3-0, додека конечните 3-1 ги постави Фофана во 85. минута. Marseille 3-0 ...
Фудбалерите на Олимпик Марсеј остварија важна победа над Ленс со 3-1 и ја намалија бодовната разлика во борбата за врвот на табелата во Лига 1. Со овој триумф Марсеј индиректно му помогна и на Пари Сен Жермен да ја задржи лидерската позиција, завршувајќи ја победничката низа на Ленс. Екипата на Роберто де Зерби го искористи домашниот терен и атмосферата на „Велодром“, каде што ривалите тешко се снаоѓаат и за само 13 минути практично го реши ...

