Шведската фудбалска репрезентација, преку дополнителни натпревари од плеј-офот, се квалификуваше на Светското првенство, кое ќе се игра од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Прво совладана беше репрезентацијата на Украина во Валенсија со резултат од 3-1, а потоа по многу возбудувања, Шведска беше подобра од Полска со 3-2, со што си обезбедија пасош за Северноамериканскиот континент. Патем, интересно е да ...
Грем Потер од човек на кого му се смееше цела Европа, во период од неколку месеци се претвори во јунак во Стокхолм, од едноставна причина што успеа да однесе на Светско првенство тим кој многумина го прогласија за „мртов“. Поранешниот менаџер на Челси и Вест Хем дојде да го „гаси пожарот“ во Шведска во тежок дел од квалификациите за Светско првенство, а откако „викинзите“ завршија како последни во групата без ниту една победа, малку кој им ...

